Д-р Пановски: Распустот да се продолжи за две недели, потоа учениците без маски на училиште

t

Микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на Канал 5 истакна дека земјава досега немала стратегија како да се справи со пандемијата, а сега е веќе доцна да се смислуваат нови стратегии. Според него, зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски.

„Не бидува после свадба тапани. Затоа, како што досега функционираше Комисијата за заразни болести, така нека продолжи и во иднина. Оти, во спротивно, ќе направи штета преку носење небулозни мерки како што беше носењето маска на отворено. Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, а уште една многу важна работа што треба да се направи е да се повлечат ковид-сертификатите. Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување. Ако не можеме да помогнеме со рестриктивни мерки, тогаш треба да направиме олеснителни мерки. Тргнете ги сертификатите и одложете ја училишната година за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски на лицата“ изјави д-р Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Двајца ученици со потекло од БиХ се…

Утрово во училиште во австрискиот град Грац…

Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…