Д-р Пановски: Сертификатите и маските за учениците веќе требаше да се укинати

t

Епидемиолошката сосотојба во земјата е стабилна, со континуран пад на бројот на новозаразени, хоспитализирани и починати, вели во разговор за „Локално“, проф.др. Никола Пановски. Според него следен чекор кој бил треба да биде превземен од надлежните би требало да биде комплетно укинување на сертификатите и незадолжително носење маски во училиштата.

Според мене веќе требаше да бидат олеснети овие две мерки. Сертификатите прво, тие според мене се неетички уште кога се донесоа. Имено, забрануваат слободно движење на здрави луѓе. При епидемија треба да се забрани движење на болни. Второ, нивна цел е да ги натераат на присилна вакцинација лицата со вакцина кој е доброволна и за која самите присилно натерани лица наведуваат пред да ја примат, дека ја примаат доброволно и на сопствен ризик. Сосема неетички, и правно прилично сомнително. Трето, нивната цел била да се заштитат вакцинираните од невакицинираните!!! Поголема антикампања за вакцините не сум сретнал. Значи толку се добри вакцините, што вакцинираниот се плаши од невакцинираниот да не го зарази. Четврто, откога се виде дека и вакцинираните и невакцинирати и прележаните го шират вирусот подеднакво, особено кога се појави омикронот, образложението се измени. Сега е, да го заштитиме здравјето на невакцинираните, да не се инфицираат. Зошто да не се инфицираат, ако се млади, здрави, веќе прележани, со антитела итн. Не го пуштаме Новак Ѓоковиќ во Австралија да не ги зарази Австралијанците сега се промени во не го пуштаме за да го заштитиме од зараза. Ете со вакви невидени небулози се уште се расправаме, објаснува микробиологот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УШТЕ 70.000 ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ се подготвени да…

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека…

Голем успех: Сребро и бронза за македонските…

Од завршеното Светско првенство во кик бокс…

Лиз Трас смени министер бидејќи недолично се…

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот…

Сакам да сум денес динамит и сè…

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за…

Пентагон: Путин не донел одлука за употреба…

Пентагон оцени дека нема знаци дека рускиот…