Д-р Пановски: Сертификатите никогаш не требаше да се донесат, а сега е крајно време да не ги малтретираат луѓето и да им зaбрануваат движење бидејќи и вакцинираните ја ширaт болecта
Микробиологот д-р Никола Пановски вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде посочи дека сертификатите за примена вакцина против ковид-19 никогаш не требало да се донесат.
Според него, луѓето не треба веќе да ги малтретираат и да им забрануваат движење бидејќи вакцинираните лица исто така ја шират болеста.
„Сертификатите никогаш не требаше да се донесат, а сега е крајно време да не ги малтретираат луѓето и да им забрануваат движење, бидејќи и вакцинираните исто така ја шират болеста. Тоа е факт, бидејќи имаме земји како Сиднеј, со замислете 95% вакцинирани над 16 години, и 87% со две дози од 12 до 16 години, имаат екксплозија со сите мерки. Каква врска имаат тука сертификати, да г прашам оние што ги донесуват сертификатите..3
Коментирајќи ги рестрикциите, Пановски нивната оправданост ја гледа како обид да се намали притисокот врз болниците, како и со наглото ширење да не се запре економијата.
„Објаснувањето е да не се шири нагло да не ги оптерети болниците, тоа е една работа, и второ, пшто не се кажува, а мислам дека е точно, да не ја запре економијата. Бидејќи со такво ширење вие имате сега во авиотранспортот 3000 секој ден откажани летови. Тоа се огромни загуби“, вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…
Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…
Во текот на месец јули, пријавени се…