Д-р Ѓуроска: Чадењето од депонии може да предизвика предвремено породување и спонтани абротуси

t

Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, вчера сподели стручни податоци за последиците од хронична изложеност на чад од депонии за категоријата деца, а денеска се огласи за ризикот кој го има чадот врз трудниците. 

Скопје со денови се соочува со аерозагадување предизвикано од пожари на депонии, а како влијае продолжената изложеност на чад од депонии кај трудниците и фетусот појаснува докторката Ѓуроска. 

Трудниците се уште поосетливи, бидејќи загадувањето влијае директно врз нив и индиректно врз плодот, алармира таа. 

1. Пренос преку плацентата:

– Фини честички (PM2.5) и токсични материи можат да навлезат во крвотокот и да стигнат до плацентата.

– Се документирани случаи на микроскопски честички пронајдени во плацентата.

2. Ризици за бременоста:

– Предвремено породување.

– Ниска родилна тежина.

– Интраутерин заостанат раст.

– Зголемен ризик од спонтани абортуси.

3. Мајчино здравје:

– Поголема веројатност за развој на гестациска хипертензија и прееклампсија, поради воспаление и оштетување на васкуларниот ендотел.

– Зголемено оптоварување на срцето и белите дробови – особено кај жени со постоечки хронични болести (астма, хипертензија).

4. Долгорочни ефекти врз детето:

Децата изложени во пренатален период имаат поголем ризик од астма, алергии, нарушен когнитивен развој и метаболички болести подоцна во животот.

Дополнителна информација дека чадот не е само лош мирис кој го детектираат нашите сетила:

Кога депонијата е запалена, покрај класичните гасови (метан, CO₂, H₂S), се создаваат и високо токсични соединенија:

Диоксини и фурани – познати канцерогени, влијаат на ендокрин систем и развој на фетусот.

Полициклични ароматични јаглеводороди – канцерогени и мутагени, особено опасни за клетките во развој.

Јаглерод моноксид (CO) – го намалува снабдувањето со кислород, што кај трудници води до фетална хипоксија и оштетувања на мозокот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски…

Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните…

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…