Објавено на:

Дeмонcтpaнтитe во Казахстан пpизнaa: Ни платија да пpoтecтираме

t

Уапсените демонстранти во Шимкент, третиот по големина град во Казахстан, признале дека добиле пари за учество во протестите, изјави првиот заменик-градоначалник на тој казахстански град Шангис Мукан.
„Во тек е апсењето на провокаторот. Тврдат дека им дале пари за да учествуваат во протестите. Рекоа и дека им давале енергетски пијалоци, поради што изгубиле контрола над себе“, изјави Мукан.

Но, тој не појасни кој им ги дал парите на лицата кои учествувале во нередите.
Тој ги повика и граѓаните на Шимкент да внимаваат на своите деца, а поточно на помладата популација во градот, за да не се најдат на спротивната страна на законот.

Претходно медиумите објавија дека досега биле убиени 26 лица, додека за време на немирите во Казахстан биле приведени речиси 4.000 луѓе.
Протестите во Казахстан избија на 2 јануари поради драстичното зголемување на цената на гасот, но потоа прераснаа во немири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија победи во Казахстан!

Македонија успеа да дојде до тешка победа…

Македонија води против Казахстан!

Александар Трајковски се најдев во првиот состав…

Еве со кој состав стартува Македонија против…

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, го…

Претседателката е во „славната нација Казахстан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во…

27 преживеани, 40 загинаа во падот на…

Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти…