Евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток ќе биде заокружена до крајот на неделава
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија спроведува интензивен и координиран процес за евакуација на македонските државјани од кризните региони на Блискиот Исток. Според најавите на министерот Тимчо Муцунски, целата операција се очекува да биде заокружена до крајот на оваа недела. За таа цел е активиран постојан кризен механизам и штаб кој е во деноноќна комуникација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва и граѓаните на терен.
Досегашните активности вклучуваат успешно извлекување на сите пријавени лица од Израел, главно преку копнени патишта, владини авиони и комерцијални летови, oсобено комплексна беше операцијата во Иран за евакуација на фудбалерот Мартин Ашковски преку турската граница. Од Дубаи веќе е реализиран еден лет со над 150 патници, а во план се уште два дополнителни лета за преостанатите граѓани. Истовремено, се организира превоз за нашите државјани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија преку заедничка собирна точка во Ријад.
Целата процедура за евакуација е целосно бесплатна за македонските државјани. Надлежните упатуваат апел за максимална одговорност и навремено појавување на закажаните летови за да се искористат сите расположливи капацитети. Министерството исто така предупредува да не се шират непроверени информации кои можат да предизвикаат непотребна паника и да ја попречат работата на институциите во овие критични моменти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
МВР: Внатрешната контрола постапува за трагедијата во…
Продолжува истрагата за мајката и шестгодишната ќерка…
Ирански министер за надворешни работи се потсмева…
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас…
Кои економии ќе бидат најпогодени од војната…
Војната со Иран би можела да предизвика…
Колку добива државата од литар продаден бензин…
Од еден литар продаден еуродизел, државата од…