Еве колку Југословени има во земјите од поранешната СФРЈ
Иако Социјалистичката Федеративна Република Југославија (СФРЈ) не постои повеќе од три децении, во земјите од регионот сè уште има луѓе кои се декларираат како Југословени.
Како што објави српскиот портал „Н1“, најмалку Југословени има во Македонија – 344. Во Словенија, според последните податоци од 2002 година 527 граѓани се изјасниле како Југословени.
Пописот одржан пред две години покажува дека 942 граѓани на Хрватска се изјасниле како Југословени.
Во Црна Гора во 2011 година како Југословени се изјасниле 1.154 граѓани.
На последниот попис одржан во 2013 година, од вкупно 3.531.159 жители на Босна и Херцеговина, 2.570 се изјасниле како Југословени.
Најголем број на Југословени има во Србија. Податоците од пописот одржан во 2022 година покажува дека 27.143 граѓани на Србија се изјасниле како Југословени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седницата на Советот за безбедност на ОН…
За денеска во 15 часот по њујоршко…
Пех: Со нападот на Југославија е уништен…
Војната против Југославија стана застрашувачки „пилот-проект“ на…
Помошник на поранешниот претседател Реган: Бомбардирањето на…
Соединетите Американски Држави направија шест грешки кои…
(Видео) Југославија беше држава со вредности, видете…
Зошто ни се враќа југоносталгијата? Затоа што…
Германскиот канцелар ја спореди војната во Украина…
Олаф Шолц привлече многу внимание во Германија…