Еве што бара Украина на преговорите во Белорусија!
Клучното прашање на преговорите за Киев е да се постигне итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи од украинска територија, објави кабинетот на претседателот Зеленски во момент кога започнуваат мировните преговори во Белорусија. Делегацијата на Киев пред малку пристигна на украинско-белоруската граница за да учествува во преговорите со руската делегација.
Украинската делегација дојде со два хеликоптери, како што јави руската агенција Риа Новости. Белоруското Министерство за надворешни работи во понеделникот наутро објави фотографија од просторијата за преговори, објавувајќи дека локацијата е подготвена.
Руската делегација, предводена од Владимир Медински, помошник на претседателот Владимир Путин и поранешен министер за култура, во саботата пристигна во Гомел, источна Белорусија. Украинските власти првично одбија да испратат делегација во Белорусија, тврдејќи дека е несоодветно да се водат разговори во земјата бидејќи руските трупи ја користат нејзината територија за да организираат напади. Минск негираше дека неговите сили учествувале во руската операција.
По телефонскиот разговор меѓу претседателите Володимир Зеленски на Украина и Александар Лукашенко од Белорусија во саботата, Киев се согласи на разговорите. Сепак, доаѓањето на украинскиот тим дополнително беше одложено поради логистички проблеми.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека „навистина не верува“ дека преговорите ќе вродат со плод, но сепак смета дека тоа е „шанса, колку и да е мала, да се деескалира ситуацијата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…