ЕВРОПА САКА ДА ПРАТИ 100.000 ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА; Путин не смее да мисли дека му се попушта
Европските земји разговараат за испраќање воени сили во Украина, во случај на прекин на огнот или мировен договор, потврдија официјални лица и дипломати за Ројтерс, објави Јуромајдан прес.
Причината е едноставна – новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека нема да испраќа американски војници во таа земја за да гарантираат безбедност, потврдија за Ројтерс официјални лица и дипломати.
Разговорите, предводени од францускиот претседател Емануел Макрон, се во рана фаза, но веќе открија поделби околу можните цели и околу мандатот на таквата мисија – па дури и во дебатата за мудроста на покренување таква иницијатива во овој момент.
Бидејќи Киев ја губи иницијативата во војната, а руските сили полека, но незапирливо напредуваат на клучниот источен фронт, европските лидери не сакаат да му остават впечаток на рускиот претседател, Владимир Путин, дека е дојдено време за преговори со кои Русија ќе успее да ја задржи територијата што ја освоија нејзините сили. Тие инсистираат дека се фокусирани на зајакнување на воената и на економската помош за Украина и не гледаат знаци дека Путин е подготвен да преговара.
Сепак, зад сцената, некои европски лидери размислуваат како европските нации би можеле да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, вклучително и десетици илјади војници на украинска територија.
Додека некои официјални лица, како што е полскиот премиер Доналд Туск, ја отфрлија идејата, други, пак, како германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, посочија дека Германија може да игра улога во обезбедувањето примирје.
Проценките за големината на силите варираат, при што некои аналитичари сугерираат дека таа би можела да се движи од 40.000 до 100.000 војници, што потенцијално ги проширува европските воени капацитети.
Европски безбедносен претставник, кој сакал да остане анонимен, исто така, рекол дека би можеле да бидат потребни речиси 100.000 војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија во моментов не размислува за враќање…
Во моментов не размислуваме бидејќи нема доставено…
Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни…
Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДКСК свитка опашката: Нема основа за постапување…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!
Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…