ЕВРОПСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕСЛИКААТ ВО МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО: Геологот Димов уверува дека овие технологии имаат речиси нула емисии на загадување

t

Експертите уверуваат дека новите рударски технологии имаат речиси „нула емисии“ кои евентуално би можеле да претставуваат предизвик за околината. Дел од ваквите современи практики се применуваат и во новиот рудник за бакар „Скуриес“ на Халкидики, во соседна Грција, кој според геологот Ѓорѓи Димов припаѓа на ист металогенски појас со Македонија. Токму во овој појас е и наоѓалиштето на бакар во Иловица.

Според геологот Димов, кој воедно е и Декан на Факултетот за природни и технички науки на штипскиот универзитет, поради овој појас двете држави располагаат со слични бакарни лежишта што претставува значителен развоен потенцијал за Македонија.

-Не гледам зошто не би можеле и ние да го следиме тој пример. Ако отидете да видите во „Скуриес“ веќе две години се подготвува таа нова технологија, која овозможува многу мала емисија, практично нула емисија на загадување, ако можеме така да кажеме. Сите патишта на емисиите се следат, има постојан мониторинг. Тоа се технологии кои се применуваат успешно насекаде во светот. Се она што се прави во овој момент во европските земји во целост треба да се преслика и тука – нагласува професорот Димов.

Тој додава дека денешното рударство се разликува од некогашното по примената на современи технологии и строгите европски стандарди за заштита на животната средина. Според него, јавниот страв најмногу произлегува од лошите искуства со старите рударски практики, а Македонија располага со стручни кадри способни да ги применуваат современите решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕВРОПСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕСЛИКААТ ВО…

Експертите уверуваат дека новите рударски технологии имаат…

Сѐ помалку рудари и рударство, се кочат…

Рударството бележи нов пад, а се намалува…

Рударството и автомобилската индустрија предничат во битката…

Македонија треба да работи на експанзија на…

Професорот Горан Начевски: Македонија многу губи од…

Во светот сѐ почесто се зборува за…

Левица: ДПМНЕ подготвува закони со кои Македонија…

Новите закони за рударство и геологија, претставени…