Еден од најблиските луѓе до Путин: Почна трета светска војна, пак!
Рускиот политички филозоф Александар Дугин по американско-израелскиот напад врз Иран, на платформата Икс објави: „Почна трета светска војна. Пак“.
-Ако во Русија не започнат вистински патриотски реформи сега, ситуацијата ќе стане целосно непредвидлива. Нашите сојузници систематски се уништуваат еден по еден. Јасно е кој е следен и јасно е што значат преговорите со таков непријател, наведе Дугин.
Тој предупреди дека треба да престане „илузорниот впечаток на нормалност во Русија“ и дека „продолжува мирниот живот како и обично“
-Во глобална смисла, сè зависи од тоа колку долго може да трае Иранската исламска револуционерна гарда. Ако Иран издржи, сè може да оди во спротивна насока. Ако се распадне, ние сме следни, посочи Дугин.
Рускиот политички филозоф е познат противник на западниот либерализам. Дугин важи за еден од идеолозите на Кремљ, кој со години се залага за ширење на руското влијание и отворено ја поддржува агресивната политика кон Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од најблиските луѓе до Путин: Почна…
Рускиот политички филозоф Александар Дугин по американско-израелскиот…
Државните нафтени резерви се стабилни и обезбеден…
Државните нафтени резерви на Северна Македонија се…
Постои сомнеж за уште едно убиство –…
Денеска се врши ексхумација на уште една…
Сите полицајци во земјава денес ќе добијат…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со…
Кочовска: Македонија меѓу водечките земји во Европа…
Македонската економија ја заокружи 2025 година со…