Едногодишното дете што пoчинa од Koвид било cиpaче: 10 дена го лekyвале во Битола, па го пратиле во Скопје

t

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на еднoгодишна возраст починато на 29.11.2021. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола. Тоа повеќекратно наназад било хоспитализирано на Клиниката поради компликации во склоп на основните заболувања остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија.

До денот на последната хоспитализација, детето било хоспитализирано во Клиничката болница во Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на ковид-19 било упатено во Институтот за белодробни заболувања во Козле.


„По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое било со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%, а во претходен договор, од Институтот во Козле детето било префрлено на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер за понатамошен третман и соодветно лекување. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единицата ургентен центар кое од денот на прием било на механичка вентилација, се одвивало од 24.11.2021 до 29.11.2021 година, кога и покрај сите преземени дејствија за лекување и реанимација, завршило летално“, соопшти Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица починаа од омикрон во Црна…

Два смртни случаи се регистрирани во Црна…

Бил Гејтс со пpoгноза за тоа кога…

Мултимилијардерот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс,…

Активни над 15 илјади случаи со COVID-19,…

Бројот на активни случаи со COVID-19 во…

Секој четврти тecтиpaн е Koвид пoзитивeн, со…

Секој четврти тестиран, според последната статистика на…

Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…

Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…