„Едно лице блиско до претходната влада е посредник за нерегуларности“: Мицкоски ја потврди истрагата против Стефан Богоев, најави истраги и во други институции
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди истрагата против поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Мицкоски рече дека во истрагата се вклучени неколку лица, додека според него, лице блиско до претходната влада, играло улога на посредник за неколку нерегуларни дејствија. Мицкоски рече дека има информации дека слични дејствија како вчерашните ќе бидат спроведени во неколку институции.
„Сепак е истрага во тек, и можеме да го компромитираме процесот. Станува збор за лице кое било поранешен градоначалник на општина и поранешен директор на јавна институција, во овој случај на Царинската управа. Станува збор за неколку вработени во рамките на оваа институција и за лице кое, како да го наречам, не знам, немам соодветни квалификации, но беше многу близок до претходната влада и беше лице кое често ги олеснуваше овие, условно кажано, дејствија кои изобилуваат со многу незаконитости. Или, едноставно кажано, посредник. Значи, од информациите што ги имам, ова ќе се проширува и од информациите што ги имам, неколку институции, во наредниот период, ќе се соочат со слични дејствија поврзани со минати неправилности, кои се вклучени во ревизорските извештаи кои покажуваат индиции за злоупотреба на службена положба и овластување. Значи, сето ова е во фаза на истрага. Верувам во презумпцијата на невиност. Секој има можност и право да ја докаже својата невиност, па затоа не би навлегувал во понатамошни коментари од страв „да можам материјално да го оштетам процесот“, нагласи Мицкоски.
Инаку, вчера, Финансиската полиција, во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе рации во домови, деловни простории и други локации во повеќе делови од земјата. Според надлежните, акцијата е спроведена по судска наредба и во рамките на прелиминарна истрага за финансиски криминал и корупција.
Според Финансиската полиција, постојат сомневања дека службени лица и други лица ја злоупотребиле својата положба, влијание и углед за да обезбедат незаконска материјална корист од значителна вредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК: Обезбедени докази дека Богоев примил…
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата…
Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…
Со владината одлука за дополнително намалување и…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Истрага за осомничен за продажба на кокаин…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Истрага за силување и изработување порнографски материјал…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…