Ексклузивен извештај на Ројтерс: Бројот на ранети Американци е многу поголем од објавената бројка од Пентагон
Британската новинска агенција Ројтерс објави ексклузивен извештај за бројот на ранети американски војници во нападот врз Иран. Новиот број од 150 ранети е далеку поголем од претходно објавената бројка на Пентагон за осум тешко ранети.
„Дури 150 американски војници се ранети во 10-дневната војна со Иран“, изјавија за Ројтерс во вторник две лица запознаени со ситуацијата.
Пред Ројтерс да го објави ова, Пентагон откри „само осум сериозно повредени припадници на американската војска“.
Сепак, откако Ројтерс го објави својот извештај, Пентагон „процени“ дека бројот на повредени е околу 140, додавајќи дека огромното мнозинство имало полесни повреди.
„Од почетокот на операцијата „Епски бес“, околу 140 припадници на американската војска се ранети за време на 10-дневните постојани напади“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.
Тој рече дека 108 од ранетите припадници на војската веќе се вратиле на должност.
Парнел рече дека осум од сериозно повредените припадници на војската добиваат највисоко ниво на медицинска нега.
Ројтерс не можеше да ги утврди видовите повреди или дали тие вклучуваат трауматски повреди на мозокот, кои се чести по изложеноста на експлозии.
Пентагон вели дека бројот на ирански напади нагло се намалил од почетокот на војната, бидејќи американската војска бомбардирала ирански складишта со оружје и таргетирала поограничен број ирански ракетни лансери.
Кога беше прашан дали Иран е потежок противник отколку што американската војска очекувала кога ги изготвувала своите воени планови, генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили, им рече на новинарите претходно во вторникот дека борбата не била толку тешка како што се очекувало.
„Мислам дека се борат и го почитувам тоа, но не мислам дека се пострашни отколку што мислевме“, рече Кејн на брифинг во Пентагон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ексклузивен извештај на Ројтерс: Бројот на ранети…
Британската новинска агенција Ројтерс објави ексклузивен извештај…
Владата не гледа потреба за прогласување кризна…
Владата не гледа потреба да прогласи кризна…
Започна претресот на ранчот на Епстин во…
Државните истражители во американската држава Ново Мексико…
По наводите за мини во Ормускиот теснец,…
Иран почнал да поставува мини во Ормускиот…
Ја предвиде победата на Трамп и војната…
Кинескиот професор Сјуечинг Џијанг стана вирален на…