Ексклузивно: Пандов би рекол „хотел промаја“ – Повторно недостасуваат затворениици во затворот Шутка?

t

По внатрешна контрола во затворот Шутка повторно е констатирано дека недостасуваат затвореници, дознава Инфомакс од свои извори.

Според нашите информации по внатрешната контрола во отвореното одделение во затворот е констатирано дека недостасуваат 14 затвореници, од кои во меѓувреме четворица се вратени, а до овој момент уште десет затвореници недостасуваат.

Претходно директорот на Управата за извршување на санкции, по вонредна контрола во затврот изјави дека затворот бил „хотел промаја“ бидејќи недостасувале затвореници.

Во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов истакна дека затворениците во отвореното одделение имаат право на излез од затворот бидејќи повеќето работат со надворешни фирми.

– Полуотворено и отворено одделение се класифицираат од воспитувачите кои работат во затвор Скопје, не од мене. Тие луѓе разговараат затворениците, кај воспитувачот се бара одмор, седум часа, излез и слично. Ако има проблем си кажува и многу добри луѓе се оставени таму кои си ја работат професионално работата. Тоа одделение има околу 150 луѓе капацитет, каде нема правило, каде ќе го пишаат за работен ангажман таму се сместува затвореникот. Пандов вели дека јас сум ставал луѓе од затворено во отворено одделение, да било така јас немаше да бидам тука, туку во затвор тоа е голем престап, објаснува Андов.

Како што објасни поранешниот директор, нема поволности за затворениците кои не сакаат да прифатат работен ангажман.

– Како што дошол Пандов со двете инспекторки, требало да почека да дојде старешина, да влезат заедно и да направат контрола. Требало, ако сака да биде посериозен, да земе и полицајци, да направи еден обрач, ниту да влегува, ниту да излегува надвор. Отишол вечерта, ова се сигурни информации бидејќи тогаш уште бев директор, оделе соба по соба. Не тврдам дека таму иле сите, човекот бил на лице место и му фалеле 11 затвореници и тој седнал и ги чекал. Кај ги чекал? Тука се вика старешината, полиција, име презиме, се пријавува бегство во полиција, ако се појават они, одма се сместуваат во затворено одделение.

Тој ги чекал, го викнал командирот од смена и му рекол едниот што не е појавен пријави го, на другите пиши им дисциплинска и си отишол, вели Андов кој ја објасни целата процедура на постапување при такви ситуации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син на турски градоначалник почина во затворот…

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина…

ЗАТВОРЕНИК ИЗБЕГА ОД КУМАНОВСКИОТ ЗАТВОР! Го пуштиле…

Затвореник, пуштен на слободен викенд со негативно…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

36-годишен затвореник од Скопје пронајден мртов во…

Затвореник кој одлежувал казна во затворот „Скопје“…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…