(Ексклузивно) Професорот Ѓорѓиев би повторувал 8 одделение: Мега анализа со Котлар, Никовски и Каракамишева за спорот со Бугарија

t

Доколку во ова второ полугодие од школската година 2021/2022 година професорт Драги Ѓеорѓиев одговараше на тема Втора Светска Војна професорот веројатно ќе добиеше единица која немаше да може да ја поправи до крајот на годината и ќе паднеше историја за таа учебна година.


Да за трагедијата да е уште поголема тој е професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, но и дел од историската комисија со Бугарија, Тој вчера пред целата македонска јавност сподели една таква небулоза која е рамна на историски ревизионизам на една од најопасните и најубиствените идеологии во поновата историја, фашизмот и нацизмот.

Имено во интеврју за Радио Слободна Европа професорот Ѓеорѓиев истакна дека Бугарија за време на Втората Светска Војна не била фашистичка држава туку профашистичка држава.

Се прашувате зошто би повторувал 8 одделение по историја профеосорот? Одговорот е едноставен и краток, за време на Париската мировна конференција која е задолжителна лекција за сите ученици, Бугарија има потпишано мировен договор со противниците на Хитлер, со кој се забранува постоењето фашистички организации во државата.

-Бугарија, која во согласност со Договорот за примирје презеде мерки за распуштање на сите организации од фашистички тип на бугарска територија, без разлика дали се политички, воени или паравоени, како и други организации кои вршат пропаганда непријателски настроени кон Обединетите нации, нема да дозволи во иднина, постоењето и активностите на организации од таа природа кои имаат за цел да им ги ускратат на луѓето нивните демократски права, стои во бугарската капитулација, стои во мировниот договор кој го има потпишано Бугарија.

Сепак за оваа историска тема, редакцијата на Инфомакс мораше да ги консултира и експертите. На оваа тема разговаравме со професроката по историја Наташа Котлар која открива за македонската јавност нови запрепастувачки детали за она што впрочем го има потпишано и на што се има обврзано Бугарија по Втората Светска Војна.

Професорката Котлар грешките во македонската надворешна политика кога станува збор за односите со соседите ги гледа уште во далечната 1991 година. Македонија како дел од Југославија е една од земјите основачи на Обединетите Нации и откажувајќи се од правното наследство на тогашна Југославија, Македонија мораше да ја додаде онаа срамна кратенка БЈРМ и да го промени знамето за да биде меѓународна призната и да влезе во ОН.

-Ние во надворешната политика имаме направено голема грешка уште во 91-та година со тоа што како правни наследници на СФРЈ не се повикавме на нашето право кое што следува по таа сукцесија. Бидејќи Југославија е потписничка и основач на Обединетите Нации ние требаше сами да си настапиме со соодветно барање бидејќи сме едни од основачите на ОН. Понатаму ние не се повикавме на таа Париска мировна конференција каде што се договорите потпишани помеѓу атнифашистичкиот блок САД, Велика Британија, СССР меѓу нив и Југославија која имаше свое партизанско движење и од другата страна се сите оние земји кои беа на страна на хитлеровската оска и таму се наброени Италија, Унгарија, Романија, Бугарија и Финска, вели Котлар.

Котлар како што напоменавме открива шокантни детали од Парискиот мировен договор кој го потпишува Бугарија, поточно членот 2 со кој Бугарија се обрзува на почитување на сите демократски принципи меѓу кои почитување на различни малцински права и правото на нивно организирање на територија под бугарска јурисдикција.

-Меѓу другото каде што им се определени воените репарации кои треба да ги платат воените репарации им се дава клаузала во која е јасно кажано дека сојузните на Хитлер меѓу кои и Бугарија треба да воспостават таков демократски принцип во својата држава бидејќи со овој договор сојузниците повторно им даваат право да бидат меѓународен субјект да бидат признати држави. Ако тие тоа не го исполнуваат тогаш е им се проблематизира меѓународното признание на овие држави, вели професорката.

Таа истакнува дека реперкусиите за Бугарија од непочитување на овој договор се проблематизирање на меѓународното признание на државата како суверен ентитет, поради страшните последици од постоењето на фашистичката идеологија која дефакто и денес ја спроведува Бугарија.

-Така што таа клаузала не е случајна и произлегува од идеите на ОН каде сите тие држави се задолжени да воспостват таков демократски принцип каде што луѓето кои што живеат во тие држави не смеат да доживеаат никаква дискриминација во однос на припаѓање на друга народност, раса, политички определби на тие луѓе. Значи една широка лепеза на барања за воспоставување на сериозна демократска атмосфера во однос на луѓето кои што исто така не се матични во таа држава, во однос на малцинствата на конкретните држави. Тие договори се потпишани и од Југославија и Бугарија, додава Котлар.

Професорката го посочува и Бледскиот договор со кој Македонија, односно тогашна Југославија во име на добрососедството се откажува од 25 милиони американски долари во репарации.

-Потоа следи и потшишувањето на Бледскиот договор помеѓу Југославија и Бугарија при што потоа следи потпишувањето на Бледската спогодба каде Југославија во име на добрососедството се откажува од воените репарации кои треба да ги исплати Бугарија кон Југославија, најголемиот дел кон Македонија. Инаку кон Југославија се 25 милиони долари, кон Грција се нештио повеќе меѓутоа ако земеме дека нивната окупација во Грција беше во делот на Македонија бајаги треба да се покажат во однос на Македонија. Како и да е се потпишува Бледската спогодба во име на добрососедство и не се исплаќаат репарациите меѓутоа под влијание на СССР, 48 се случува Информбирото и затегнување на односите меѓу Југославија и СССР и Бугарите ги откажуваат сите одредби кои се потпишани со Бледската спогодба, вели таа.

Котлар тврди дека Македонија со една нотификација до ОН и Европската Унија може да ги информира сите држави дека Бугарија не го почитува Парискиот мировен договор, што би било огромен скандал и потврда за историскиот ревизионизам на фашистичкото минато на Бугарија, имајќи во предвид дека истото е рамно на негирање на Холокаустот што е пак казниво со закон во некои европски држави со фашистичко и нацистичко минато.

-Сепак Македонија како наследник на Југославија може да се повика на Париската мировна конфренција бидејќи тие не се анулирани туку ние треба само со една нотификација, посебен вид на дипломатско писмо треба да ги известиме сите, и нашите соседи и ОН и Европската Унија дека ние се повикуваме на нашите права врз основа на Парискиот мировен договор како правен наследник на поранешна Југославија и да завземеме една сосема друга положба во однос на преговарањето.

Професорката напоменува дека Договорот за добрососедство со Бугарија треба веднаш да се раскине.

-Според мене договорот за Добрососедство со Бугарија треба да се раскине. Многу пати е направено да се исполнат условите мислам член 11 за непријателска пропаганда и таму се членовите 13 и 14 каде што се дадени условите за раскинување на договорот.

За крај Котлар порачува дека овој мировен договор се уште е на сила и Бугарија никогаш не се откажала од истиот, кој е силен аргумент на македонска страна за почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија, но и негирањето на постоење на македонска нација кое е рамно на идентитетски геноцид и експанзионизам на бугарската нација што се одлики на фашизмот од кои тие се откажуваат.

-Бугарија не го почитува Парискиот мировен договор се откажала, односно не го почитува, не се откажала. Да и нивниот Устав се коси со Парискиот мировен договор ако стои дека не се почитуваат малциснките права. Колку што знам Бугарија со нотификација не се откажала од Парискиот мировен договор.

За правните моменти и консеквенции за Бугарија, Инфомакс ја контактираше професорката Тања Каракамишева.

Професорката Каракамишева истакнува дека битката која Македонците ја водат со соседите е битка за почитување на основните, елементарни човекови права кои ги имаат сите народи.

-Целата борба што Македонците ја водат со соседите е битка за почитување на елементарните, основните човекови права кои, како на сите народи, поединци, групи така и на Македонците во Македонија и во светот мора да им бидат почитувани од сите и од секого, бидејќи им се загарантирани со целокупното меѓународно право за заштита на човековите права, со меѓународните документи за заштита на човековите права, почнувајќи од Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човековите права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, преку Европската конвенција за човековите права и слободи, пресудите на Судот во Стразбур, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други акти, вели Каракамишева.

Професорката напоменува дека со овие документи е гарантирано почитувањето на националниот/народен идентитет, а со Договорот од Преспа и оној со Бугарија истите права им се одземени на Македонците.

 

-Во сите овие документи е гарантирано почитувањето на сопствен национален/народен идентитет како индивидуално и колективно човеково право на сите граѓани, почитување на нивното право на самоопределување, самоидентификација, право на име на својата држава, право на сопствен јазик, право на историја и култура, традиција и обичаи, се она што на Македонците со Договорот од Преспа и со Договорот со Бугарија им е одземено како право на постоење, посочува професорката.

На тема Париска мировна конференција, разговаравме и со еден од најпознатите македонски дипломатски имиња, дипломатот Ристо Никовски.

Никовски напоменува дека сите овие аргументи на македонска страна би имале вредност ако Македонија, односно македонската власт сака да се бори, напротив дипломатот согледува дека македонската власт е спремна само на капитулација.

-Прво и прво тоа има вредност ако Македонија сака да се бори. Македонија не сака да се бори, сака да капитулира. Тоа е повеќе веење на ветерот кога суштината е таа, се додека Македонија е спремна да капитулацира. Не мора да се враќаме до 47 година. Ние имаме барање да измислени Бугари ставиме во нашиот Устав и нашата власт тоа го прифаќа. Истовремено не бараат реципроцитет за 100-тици илјади Македонци кои се таму. Во диполоматијата се е на принцип на реципроцитет. Нашите власти велат тие имаат Устав, Уставот тоа не им го дозволува, вели Никовски.

Сите аргументи на Македонија според Никовски се ирелевантни со сегашната политичка поставеност. Тој ја напомена иронија на ситуацијата околу Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук кој е известувач за Македонија во Европскиот Парламент. Тој е етнички Турчин, припадник на етникум кој во Бугарија нема никакви права, а во Македонија говори за влез на Бугарите во Уставот.

-Велам ирелевантно е во моментов, во Бугарија има 100-тици илјади Турци на кои не им се признаваат правата. Оној Ќучук доаѓа и ни доаѓа ни држи лекции. Тој е Турчин кој нема никакви права и ни говори за Бугарите во Уставот. Ние се однесуваме како овци кои не знаат ни што сакаат ни што прават. Тоа е страшното кај нас, истакна тој.

Екс дипломатот истакнува дека Бугарија не ги почитува основните дипломатски правила, но и наметнува опасна формулација за македонски Бугари категорија во која според нивните шофинистички сваќања припаѓаат сите Македонци.

-Бугарија не ги почитува основните дипломатски правила. Внимавајте не велат Бугарите во Македонија тие велат македонските Бугари тоа сме вие и јас. За нив македонски Бугари сме сите ние. Дури и нашите политичари од власта велат македонските Бугари. Тоа е е еден аматеризам, невиден срамен, додава дипломатот.

Никовски напоменува дека не треба да се враќаме до 1947 година бидејќи Ѓорѓи Димитров им ги дал на Македонците сите права, од кои сами се откажавме со декларацијата од 99-та, но и договорот во 2017-та година.

-За нас е многу поважно што Ѓорѓи Димитров им даде права, школи, спроведе попис. Тоа значи дека Бугарија им дала права на Македонците. Ние имаме делкарација 99-та и договор во 2017-та во кој го игнорираме македонскиот јазик, отворено ние самите и велиме во 2017-та година дека имаме заедничка историја, што е невиден срам. Заедничка историја има само еден народ. Тој договор 10 години Грувски не го потпишуваше, Бојко Борисов поради тоа велеше дека не сака очи да му види. Не сакаше да го гледа затоа што не му потпишуваше, ама дојде Заев и му потпиша. Така да ние имаме многу силни аргументи. За време на Југославија има 5 договори потпишано за македонскиот јазик. Ние тоа го игнорираме. Ние имаме едно чудо аргументи кои нашите власти не сакаат да ги искористат. Нашиот претседател вели дека го примил ОМО-Илинден Пирин ги нарекува граѓанска организација, но не кажува дека се Македонци, потенцира Никовски.

Никовски потенцира дека на 150 годишината од раѓањето на Делчев, никој од власта не порача дека станува збор за македонски револуционер.

-Сега на чествувањето на 150 годишнината од раѓањето Гоце Делчев, никој не вели македонскиот револуционер. Тие не споменуваат Македонци во Бугарија за да не ги налутат Бугарите. Се е тоа ирелевантно кога тоа што го имаш во рака го пикаш под маса, вели тој.

Според Никовски целата идеја околу американската политика е Источна Македонија да се фрли во прегратките на Бугарија, а Западна Македонија да биде дел од голема Албанија без прекројување на границите.

-Се што се случува од 1991 година во Македонија после распадот на Југославија е амеранска политика, американско сценарио во кое нема место за Македонија. Второто, целта е Македонија да се фрли во прегратките на Бугарија, а Албанците да создадат голема Албанија само без прекројување на нашите граници. Знаете што е најстрашното во последните неколку денови? Не е заедничкото чествување на Гоце Делчев со Македонците. Средбата меѓу албанската македонска Влада на чело со Ахмети со Косово. Ахмети и шест министри беа на средба со Курти и неговите министри. Тоа е голема Албанија. Беа и во Тирана. Албанскиот дел на разбивање на Македонија веќе функционира, а Македонците уште не потклекнале да прифатат дека се Бугари дека се под влијанието на Бугарија и дека од сега Софија ќе биде главна во Македонија. Се што прави Софија ни ја крева утробата. Никој лично нема ништо против Бугарите, но со ова што го прави бугарската власт се создава омраза. Тоа е погрешна политика, но тоа е политиката на Вашингтон, а тие како што почна Грција, а сега продолжува Бугарија имаат за цел Македонците како народ да се избришат. И ние како такви сме веќе 90 проценти избришани. Ако немате македонски народен театар, а имате албански, турски, ако нашата телевизија е СМРТ, ако МИА не е македонска и е медиумска, Македонци веќе нема, нема ништо македонско, додава дипломатот.

Дипломатот доаѓа до застрашувачки заклучок дека по Договорот од Преспа Македонци веќе не постојат бидејќи ништо не е македонско.

Ние на Грците им дадовме апсолутно право да го користат терминот македонско и Македонија. Нашите вина во Европа нема да можат да се продаваат како македонски. Така да ние не можеме да бидеме Македонци, Северно Македонци ќе бидеме во најдобар случај. Сето тоа не е случајно, сето тоа е диригирано, водено од Вашингтон, а Бугарите се залетаа за кусо време најдоа луѓе кои не разбираат историја и политика во Македонија. Не заборавајте дека Захариева кажа дека Заев прифатил дека Македонија постои од 44-та, дека Македонците постојат од 44-та. Тоа го кажал пред сведоци, не во четири очи. Го кажал пред Борисов пред сите таму. Тоа е суштината, вели Никовски.

По однос на прашањето зошто е политиката на Вашингтон кон Македонија ваква каква што е Никовски, вели дека едноставно САД нема со кого да преговара тука во Македонија, бидејќи Македонците се до тој степен раскарани и поделени меѓу себе што едноставно немаат со кого да се договорат. Вината за раскараноста и поделеноста тој ја гледа во самите Македонци, но и влијанието на соседите кои цело време ни подметнуваат работи за да има конфликт помеѓу Македонците.

-Прво и прво базата е направена на Косово, регионот е покриен. Второ ние сме една шака народ, 1,3 милиони, бурето барут секогаш било Макеоднија. Македонците биле раздорот на Балканот, јаболкото на раздорот. Тие 1,2 милиони луѓе се испокарани меѓу себе, со никого ништо не можеш да се договориш. Тие кавги сето тоа е подметнато од странство, ние се однесуваме несоодветно и потоа „не стрижат“. Немаат тука со кого да преговараат и разговараат. Сите се заинтересирани и Србија која е на страна со црква и Албанците со Тиранската платформа. Македонија е веќе јазична федерација, ова што Али Ахмети беше со министрите на Косово е најстрашното. Тие веќе игнорираат, тие се албанскиот дел од Владата, албанскиот дел од државата. Им дадоа и зграда, тие имаат своја Влада, Груби го направија заменик премиер еве го игра улога на претседател на државата. Сето тоа оди по една линија чекор по чекор. 30 години тоа се реализира и финарализира со двата договори. Тоа е суштината имаш ти тука една шака народ која ти ја руши идејата за целиот регион. Бугарите никогаш нема да признаат дека сме ние Македонци, Грците исто така. Албанците велат, албански територии во Македонија, тоа е класичен иредентизам и тие албански територии веќе си ги освоија, заклучува тој.

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утрински брифинг на Министерството за одбрана на…

Утрински брифинг на Министерството за одбрана на…

Директорката на Инфективна: Заразениот со мајмунски сипаници…

Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како…

Aлбанија може во ЕУ, а не и…

Доколку Бугарија не даде зелено светло за…

Протекоа плановите на Кина за Пацификот: Соломонските…

Кина планира да понуди значајни економски и…

Фон дер Лајен: Русија ја користи храната…

Европската унија не смее да стане зависна…