Објавено на:

Експерти: Договорот меѓу Путин и Ердоган е дел од процесот на дедоларизација

t

За билатералната соработка меѓу двете земји е значајно тоа што Турција во иднина четвртина од рускиот гас ќе плаќа во рубљи, иако тие 25 проценти не претставуваат голем обем во светски рамки. Договорот меѓу Путин и Ердоган е значаен бидејќи е насочен во насока на понатамошна дедоларизација, изјави консултантот Бранко Павловиќ за Спутник.

И тоа е долгорочен, но и неизбежен процес и покрај обидите за зајакнување на доларот.

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, неодамна на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Самарканд се договорија дека наскоро Турција ќе почне да плаќа четвртина од природниот гас увезен од Русија во рубљи.

Процесот на дедоларизација практично започна пред пет години кога лидерите на Русија и Кина, Путин и Ки Џинпинг, објавија дека се за користење на националните валути во меѓусебните плаќања. Тој потег го образложија со зголемување на стабилноста на банкарските услуги за извозно-увозни трансакции во услови на постоечки ризици на светските пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фајненшл тајмс: Саудискиот крал Бин Салман го…

Високи британски пратеници го опишаа пријавениот потег…

Путин: Русија и Иран „градат моментум“ во…

Двете нации соработуваат на различни полиња, од…

Иранскиот претседател пристигна во Москва

Ебрахим Раиси треба да се сретне со…

Путин: Доминацијата на западните банки се ближи…

Според рускиот претседател, новите технологии му се…