Експлозија во Филаделфија: Најмалку 4 лица загинаа во куќа

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во куќа во предградие во северозападната држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Потстаун, Џастин Келер, на прес-конференцијата потврди дека експлозијата се случила во четвртокот околу 20 часот по локално време, на околу 65 километри северозападно од Филаделфија, јави WPVI-TV.
Две повредени лица се хоспитализирани, додаде Келер, но нивната состојба не е позната.
АП наведува дека не е познато што ја предизвикало експлозијата.
Полицијата се уште не ги објави имињата на загинатите или повредените во експлозијата, а не се соопштуваат дополнителни детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Националниот долг на САД со нов рекорд
Долгот на земјата ги помина фамозните 33…
Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…
Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…
САД посредувал за договор помеѓу ММФ и…
Вашингтон беше лут на претходната влада на…
Листа на најмоќните земји во светот
САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји…
Бајден бара промени во Советот за безбедност…
Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја потврди…