Екс директорот на АНБ ги потврди сомнежите: Мицкоски влетал во комункација со лица кои биле следени, никогаш директно не бил следен
Виктор Димовски,поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност,во интервју за „360 Степени“ рече дека премиерот Христијан Мицкоски не бил предмет на формална оперативна истрага, но можно е неговото име некаде да се појавува во документите.
– Агенцијата за национална безбедност е институција со неколку стотици вработени, кои што имаат задача да прибираат информации на терен, а согласно инструкциите и праксата на работењето, она што ќе го добијат како информација, треба да се стави на хартија.
Јас немам увид и не можам да кажам дали некаде во некој документ, во некоја оперативна обработка на одредени лица кои што биле безбедносно интересни, а кои имиња се споменуваат – не би можел да тврдам дали се споменуваат или не. Ама тоа не значи дека тогашниот лидер на опозицијата бил формално заведен во оперативна форма на работење, рече Димовски.
Според поранешниот прв човек на АНБ, ако некоја операција стигнала до Мицкоски, тоа сигурно било со аргументи и со причина. Тој додаде дека ако има основ – еден политички лидер може и формално да биде следен, споменувајќи ги примерите со Иво Санадер во Хрватска и Моше Кацав во Израел, кои биле следени од националните служби додека биле на функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс директорот на АНБ ги потврди сомнежите:…
Виктор Димовски,поранешниот директор на Агенцијата за национална…
Тошковски: Сакав да дадам оставка поради Пулс,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…
Жељазков и Шекеринска: Бугарија има активната улога…
Бугарија има активната улога во европската и…
Лафчиски: Директна воена закана за државата нема,…
Безбедносната состојба во земјава и регионот е…
Мицкоски: Економијата е меѓу петте во Европа,…
„Нашата економија во вториот квартал забележа реален…