Електричен тротинет НЕ СЕ ВОЗИ на коловоз: За непочитување на овие правила, ќе платите казна од 80 евра
На 27.08.2022 од 13:00 до 17:00 часот на поширокото тетовско-гостиварско подрачје спроведена е контрола на електрични тротинети, при што биле откриени и санкционирани вкупно 11 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4), кои се однесувале на лица што управувале електрични тротинети без заштитна опрема и кои се движеле на недозволени места.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.
СВР Тетово повторно со апел до лицата кои управуваат електрични тротинети да не се движат по коловоз, туку исклучиво по велосипедски патеки и ленти, по пешачки патеки или по други сообраќајни површини за таа намена.
Покрај тоа, на оваа категорија учесници во сообраќајот им се советува да ја прилагодат брзината на максимални 25 километри на час, доколку се движат по пешачки патеки задолжително да користат заштитна кацига, односно шлем.
Во спротивно, против оние кои нема да ги почитуваат законските правила и прописи ќе следуваат предвидените поднесоци, со напомена дека паричната глоба изнесува 80 евра во денарска противвредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…