Емануел и Брижит Макрон тужат инфлуенсерка која тврди дека француската прва дама е маж
Францускиот претседател и првата дама поднесоа тужба против американската инфлуенсерка Кендис Овенс.
Емануел и Брижит Макрон ја тужат за клевета американската политичка коментаторка која тврди дека Брижит е маж.
Во документацијата од 218 страници поднесена до судот во Делавер, САД, парот навел дека Овенс го употребила „апсурдното“ тврдење за да ја зголеми својата публика и профитот, водејќи „кампања на глобално понижување“ и „немилосрдно малтретирање“ за слава и остварување финансиска добивка.
„Поради тоа што госпоѓа Овенс систематски ги потврдуваше овие лаги како одговор на постојаните барања на нашите адвокати за повлекување, на крајот заклучивме дека отворањето на судски предмет е единствениот начин да го разрешиме ова“
„Кампањата за клевета на г-ѓа Овенс беше очигледно дизајнирана за да нè вознемири и да предизвика болка кај нас и кај нашите семејства и да привлече внимание и озлогласеност. Ѝ ја дадовме секоја можност да се откаже од овие тврдења, но таа одби.“
„Наша искрена надеж е дека оваа тужба ќе ја покаже вистината и ќе ја заврши оваа кампања за клевета еднаш засекогаш“ – стои во изјавата на Емануел и Брижит.
Во меѓувреме, Овенс жестоко ја брани својата позиција изнесена во YouTube видео дека Брижит е родена како маж.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…