Ендемски хомокретенизам: Бугарија ни нуди ѓубре од минатото како цвеќе – крвник кој го обезглави македонското револуционерно, национално и ослободително движење

t

Фашисти и фашизам во Битола на сред Широк сокак!

Сведоци сме на ѕвездените моменти на бугарскиот политички дилентантизам и на нивната расипаност. Секако, тука мислам на забеганите блгарски политици, а не на бугарскиот мирољубив народ .  Дефинитивно денешната бугарска политика не може без апсурди и парадокси. Бугарските политичари тргнаа против сета реалност и историска логика и ни приредија културен шок во Битола на Широк сокак – го воскреснаа фашистот Иван Михајлов.

Замислете, ви се молам, преку него, со нас, ќе граделе добро соседство на највисоко можно културно ниво. Па луѓе мои, тоа го имаше само кај/со Хитлер и Мусолини. А знаеме, тоа беше и остана пред политички стадиум на варварство и антихуманизам. И веднаш ин медија рес мојата дефиниција за нив и нивниот недобронамерен чин: Чист фундаментализам на дебилитетот(авторство на Светислав Басара). Добро, еве ја и дијагнозата: Ендемски хомокретенизам. Толку. А сега, должам кратко објаснување и кроки-аналитичка рамка.

Во неделата (17. 04. 2022г.) добивме срамен отрезнувачки и предупредувачки шамар: инострана групировка на поранешен фашист(Иван Михалов) со денешна неофашистичка бугарска политичка елита, домашен “докажан демократ“(Бујар Османи) и домашен државен врв – ескаписти (побегуљи), сите до еден. Три во едно!

Првите на Широк сокак, вториот пред камерите, а третите скриени во глувчова дупка. Без малку целиот државен врв на Бугарија, не придружуван од претставници на Македонија, во Битола, градот на конзулите, на Широк сокак си правеа “приватна журка“ – отворање на некаков си бугарски културен центар, со име, ни помалку, ни повеќе, “Иван  Михајлов“. И веднаш да се констатира: Тоа е осведочениот експонент на фашизмот и нацизмот, соработник на Хитлер и Мусолини, Иван-Ванчо Михајлов. Докажан терорист и наредбодавец на масовни убиства на истакнати македонски интелектуалци, револуционери и општествени дејци на македонската Револуција и Државност.

Едноставно, крвник кој го обезглави македонското револуционерно, национално и ослободително движење – се осведочено во документи на ЦИА, во смисла на “гангстер и терорист на кој не може да му веруваат САД или кој било друг“. Аме, ете блгарските политици го чествуваат и паѓаат во несвест за него.

И во стилот на “Сето тоа тука таму“(кочанска изрека за патолошки лажговци и измамници), демек во името на бугарското малцинство и културната соработка помеѓу Македонија и Бугарија, бугарскиот државен врв “ни продава“ култура. Ни го нудат ѓубрето од минатото како своевидно цвеќе(Горан Стефанвски). Кој е бре овој ментален склоп? Другар ми Лав(Мирослав Наумовски – Лав, новинар), секогаш темелен во опсервациите, за вакво нешто, секогаш велеше “Сотире чувај се од луѓе со нетокму ментални склопови“. Како да ја сфатам природата нивна? Шармантниот и неповторлив Тула(Владимир Тулевски – Тула, новинар), за вакви и слични работи и луѓе, ни кажуваше дека неговата баба, велела “Не им чини природата“(Душевен мир и спокој за овие мои непрежалени другари, и Македонци по род, сој и душа.).

И навистина каква е оваа блгарско-европејска култура што ни ја нудат Бугарите?

Еј, култура во вид на шарено џиџе замотано во светлива хартија и свилена панделка. Море и балони(Бог да даде да пукнат).  А во суштина, тоа, до корен, е промоција на нацифашистичка идеологија, срамна политика и агресивна-нехумана дипломатија, од страна на анахрона политичка елита на Бугарија, забегана во светот без вредности, морал и принципи. Сите до еден(Петков, Јотова, Генчовска, Захариева, Каракачанов….), заталкани божји чеда во беспатијата на неофашизмот на 21-от век, како дива турско-татарска орда, во срамен и беден обид “да ја освојат“ Македонија, на крајно вулгарен и примитивен начин демонстрираа нацифашистичка идеологија и шовинизам од бугарски тартип. Се обидоа да ја рехабилитираат нивната фашистичка икона Иван Михајлов, правејќи ин флагранти историски ревизионизам. Па драги мои Македонци, тоа е евидентна и очебијна бесрамна антимакедонска политика, од странски политички елемент, на наш домашен терен. Тоа е агресивен шовинизам и милитаризам, од времето на Балканските бојни, Првата и Втората светска војна, со глазура на бугарската европска политика, без европски вредности, од 2022 година. Срамота!

Ова е безобразно и грубо негирање на македонскиот антифашизам и славната о крвава НОБ/НОВ, на Партизанското движење, на Ослободителната војска на Македонија, на АСНОМ и на неговите државотворни одлуки. Политичка провокација, дипломатска навреда, еднаков на чин на непријателство. Брука и беда, еднаква на хомокретенизам на 21-от век.

Ете, тоа е вистинското лице на бугарската политика кон Македонија, што пак е слика и прилика на денешната(а не онаа на основачите Шуман, Моне, Де Гаспари, Пол-Анри Спак) Европска Унија. Македонци мои, а да не се ова Данајци со нивните опасни, погубни и смрдливи подароци? ќе да е така!

Сотир Костов

П.С.

А за нашите ескаписти(побегуљи) и “демократи“ во некоја следна прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…