Објавено на:

Ердоган: „Верувам дека тиранинот познат како Нетанјаху ќе ja научи лекцијата“

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го одбележа муслиманскиот празник Курбан Бајрам со остра критика кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „тиранин“.

Во изјава за медиумите по молитвата во џамијата „Чамлиџа“, Ердоган рече дека верува и дека „тиранинот познат како Нетанјаху“ ќе ја научи потребната лекција од муслиманите ширум светот, објави „Анадолија“.

Вчера, Ердоган разговараше по телефон со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, за односите меѓу Турција и Иран, како и за регионалните и глобалните случувања.

Ердоган нагласи дека Турција ќе продолжи да дава секаков вид поддршка за преговорите за прекин на огнот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран да дадат поволен резултат.

Турскиот претседател изјави дека ситуацијата во Газа фрла сенка врз празникот за верниците во Турција и низ целиот исламски свет.

Тој истакна дека верските празници треба да бидат денови на љубов, почит, единство, заедништво и солидарност, особено во време кога, како што изјави, Палестинците го дочекуваат Курбан Бајрам во тага, болка и длабока жалост.

Турскиот лидер рече дека Анкара продолжува да ги поддржува Палестинците и ќе инсистира на поголем притисок од меѓународната заедница врз Израел, прекин на огнот и непречено доставување хуманитарна помош до населението во Газа.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан претходно оцени дека Израел, по конфликтот со Иран, се обидува да ја претстави Турција како нов непријател, обвинувајќи ја владата на Бенјамин Нетанјаху дека таквата политика ја претвора во државна стратегија.

Во исто време, некои аналитичари проценуваат дека Ердоган, и покрај неговата остра реторика, нема да премине од закани и политички пораки на директни воени потези против Израел, пишуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: „Верувам дека тиранинот познат како Нетанјаху…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го…

Млад полицаец излажал дека возилото на брат…

Млад полицаец од Битола сакал да го…

СТАТИСТИЧКИТЕ ПОДАТОЦИ ОДНОВО АЛАРМИРААТ ЗА ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ…

Во првите три месеци од годинава, населението…

Радев смета на поддршката на Франција за…

Би ми било драго да видам Европа…

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе…

Иранската државна телевизија соопшти дека Техеран добил…