Ердоган го намали ДДВ-то за основна храна, овошје и зеленчук на 1 отсто

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години – 48% во јануари.
Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година.
Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната статистика.
Според опозицијата и противниците на Ердоган, официјалните бројки се значително потценети и не ја одразуваат реалноста.
И покрај намалениот ДДВ за основните прехранбени производи во земјава, денеска се планирани протести поради високите цени во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можете да скенирате со зголемен лимит: Усогласена…
Извршено е усогласување на апликацијата „МојДДВ“, согласно измените…
Поминат првиот филтер: Парламентарна комисија од Турција…
Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент…
Добра вест за сите што скенираат: Зголемен…
Денеска парламентот ги донесе измените и дополнувањето…
Голема благодарност од Ердоган: Никогаш нема да…
Турција никогаш нема да ја заборави солидарноста…
Црвениот крст на РМ му додели признание…
Црвениот крст на Република Македонија денеска на…