Објавено на:

Ердоган предлага смртна казна за подметнувачите на пожари

t

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи воведување смртна казна за одговорните за подметнување шумски пожари.

„Каква казна треба да биде тоа? Смртна казна? Мислам дека тоа треба да се казнува со смрт“, изјави Ердоган пред новинарите собрани во одморалиштето Мармарис, погодено од пожар, во југозападната провинција Мугла.

Турција ја укина смртната казна во 2002 година, па пред Ердоган да донесе конечна одлука, таа прво треба да биде изгласана во Парламентот.

Пожарот во Мармарис, кој беснее од вторникот, изгоре 4.000 хектари, а 435 луѓе се евакуирани.

Денеска судот во Мармарис испрати во затвор маж кој „признал“ дека го подметнал пожарот по семејна расправија, јави Анадолија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Македонија има најбрз интернет во регионот

Македонија има најбрз интернет во регионот, а…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро

Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…