Ердоган: Bојната ќе се пpошири на целиот pегион

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган, нагласувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.
Тој оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Ердоган ги критикува САД бидејќи ја блокираа…
Невозможен е праведен свет со Америка во…
Ердоган: Уништувањето на Xамаc е „нереално“
Израел и неговите западни поддржувачи наместо тоа…