Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет

Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
„Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба на Врховниот евроазиски економски совет.
Премиерот се осврна и на прашањето за обезбедување на правата и безбедноста на жителите на Нагорно Карабах „во рамките на меѓународниот механизам“.
„Се надевам дека нормален конструктивен дијалог меѓу Баку и Степанакерт (главниот град на отцепениот регион Нагорно-Карабах) ќе започне наскоро“, рече тој.
Пашинјан на прес-конференција во Ереван во понеделникот рече дека го признава територијалниот интегритет на Азербејџан, кој го вклучува Нагорно Карабах, но под услов – безбедност на ерменското население. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно…
Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно…
Чекал правда по скандалот: Прво огласување на…
Марко Арсенијевиќ вети на публиката дека ќе…
Бијонсе со моќна порака по смртта на…
Среде нејзината турнеја „Ренесанса“, Бијонсе објави емотивна…
(Фото) УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ГРАД ПОПЛАДНЕВО ПОД…
Невремето со пороен дожд и град во…
(Фото) Уште еден македонски дрес во колекцијата…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува…