Објавено на:

Еуфоријата кратко траеше: Ѓоковиќ повторно „приведен“

t

Еуфоријата кратко траеше. Неполни два часа откако беше судот одлучи да ја поништи одлуката на властите да му биде укината визата на Новак Ѓоковиќ, локалните политичари повторно се закануваат.

Според австралиските медиуми кои се во контакт со таткото на Новак Срѓан, Ѓоковиќ бил „приведен“ веднаш откако го напуштил судот.

Новинарката Ксенија Павловиќ Мекатир објави дека разговарала со Срѓан Ѓоковиќ на телефонска линија, а тој ѝ рекол дека Новак е уапсен и покрај пресудата во негова корист. Австралиските власти сакаат да го депортираат по секоја цена, смета Павловиќ Мекатир.

Утрово, федералниот суд донесе одлука Ѓоковиќ веднаш да биде пуштен на слобода, затоа што властите неосновано му ја укинале визата и го сместиле во притвор. Но, дали Ѓоковиќ ќе остане на слобода во Мелбурн или пак ќе биде депортиран од државата наскоро ќе се дознае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ е…

Вчера во терористичкиот напад на плажата Бонди…

Бројот на загинати во терористичкиот напад на…

Бројот на загинати во пукањето на плажата…

Израелскиот претседател ја повика Австралија да се…

Израелскиот претседател Исак Херцог ја повика австралиската…

Австралија ќе почне со деактивирање на социјалните…

Австралиските тинејџери под 16 години наскоро ќе…

Двајца работници загинаа во експлозија во рудник…

Маж и жена загинаа денеска во експлозија…