Објавено на:

ЕУ го поздрави договорот за прекин на воените дејствија меѓу САД и Иран

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија.

Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина.

Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ставање крај на иранските нуклеарни и ракетни програми.

Калас, говорејќи пред новинарите во Луксембург, каде што денеска заседаваат министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, истакна дека најважен непосреден приоритет е заживувањето на пловидбата низ Ормуската Теснина.

Според неа, следниот клучен чекор ќе биде решавањето на прашањето за нуклеарната програма на Техеран.

Калас додаде дека Европската Унија има значително искуство од претходните нуклеарни преговори со Иран и веќе му понуди на Вашингтон поддршка и помош во натамошниот преговарачки процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го поздрави договорот за прекин на…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Велика Британија ги забранува социјалните мрежи за…

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека…

(Видео) Русија бомбардираше едно од најголемите христијански…

Едно од најголемите христијански светилишта во Киев…

Трамп им се заблагодари на Путин и…

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари…

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред…

Од Левица реагираат дека Скопје и ова…