ЕУ и САД со притисoк врз Косово: Договорот за српските општини мора да се почитува
Претставниците на ЕУ и САД денеска го повикаа Косово да го спроведе договорот со кој се гарантира поголема автономија за општините со мнозинско српско население, потпишан како дел од процесот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.
Косово, со мнозинско албанско население, прогласи независност од Србија во 2008 година по бунтот во доцните 1990-ти. Косово се обврза на преговорите со посредство на ЕУ во 2013 година за решавање на отворените прашања, но процесот е закочен поради отстапки за српските општини.
Косовскиот премиер Албин Курти ја отфрли можноста за спроведување на договорот потпишан од неговиот претходник, велејќи дека договорот го поткопува суверенитетот на балканската земја со тоа што им дава широка автономија на Србите, кои сочинуваат пет отсто од населението.
„Постои универзален принцип според кој договореното мора да се имплементира, а тоа е она што им го кажуваме на двете страни…“, рече Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина по разговорите со
Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан и лидерите на косовската влада. Двајцата утре ќе отпатуваат за Белград на разговори со српските лидери.
Ескобар, исто така, повика на спроведување на договорот за српските општини, велејќи дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово се гарантирани. „Покрај тоа, начинот на кој Србија и Косово ќе стигнат до точката на нормализација треба да се остави на дијалогот“, рече Ескобар.
Курти рече дека косовските Срби веќе имаат малцински права во согласност со највисоките демократски стандарди на ЕУ и дека не им се гарантирани повеќе отстапки, и го повтори својот повик Србија да ја признае независноста на Косово. Речиси половина од косовските Срби живеат во северниот дел на земјата, на границата со Србија, и одбија да ја признаат владата предводена од етничките Албанци во Приштина, пишува Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…