ЕУ “мало сутра”: Радев му кажал на Вархеји дека Бугарија не го трга ветото додека не добие јасни гаранции – Бугарите се обесправени со пописот

t

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, јави дописникот на МИА од Софија.

-Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, оцени Радев.

Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин да го заштити националниот интерес на земјата.

Во врска со објавените резултати од пописот во  Македонија, Радев оцени дека „тоа е уште еден доказ за обесправеноста на Бугарите во Македонија, кои не смеат јавно да се изјаснат дека се Бугари, во ситуација кога над 120.000 лица докажале со документ дека се по потекло Бугари“.

Тоа, според Радев, значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за започнување преговори за членство, додека не добие јасни гаранции за тоа. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски концепт бара Муцунски да го раскине…

Националниот Комитет на политичката партија Македонски Концепт,…

Пратениците од бугарското Собрание одбија да направат…

Пратениците од бугарското Собрание од Привремената комисија…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Реприза: Бугарија повторно не може да состави…

Поминаа две недели од последните прелиминарни парламентарни…

Бугарија, Словачка и Латвија со најмала куповна…

Во 2023 година, реалната индивидуална потрошувачка (AIC)…