ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од повисоките енергенси врз потрошувачките цени.
-Во основната линија, се очекува вкупната инфлација да изнесува во просек 2,6% во 2026 година, 2% во 2027 година и 2,1% во 2028 година. Доколку продолжат, повисоките цени на енергијата може да доведат до пошироко зголемување на инфлацијата. Решени сме да обезбедиме инфлацијата да се стабилизира на нашата цел од 2% на среден рок.- Кристин Лагард, претседателка на Европска Централна банка
На вчерашниот состанок на Европскиот совет, ЕУ лидерите повикаа да се отвори Ормутскиот теснец а членките Франција, Германија, Италија и Холандија изјавија дека се подготвени да придонесат кон безбеден премин на танкерите иако не соопштија како ќе го сторат тоа. Сепак, во Брисел преовладува наративот дека војната на Блискиот Исток не е Европска војна.
-Нема основа на меѓународното право ако размислувате за употреба на сила. Постојат два случаи – едниот е самоодбрана, а другиот е според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Бидејќи такво нешто не постои, во овој момент земјите-членки немаат апетит да влезат во оваа војна.- Каја Калас, Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ
Иако Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се пофали дека операцијата против Иран се води координирано меѓу Америка и Израел, сепак, неговиот американски колега, Доналд Трамп призна дека не бил известен за планот на Нетанјаху да го бомбардира Иранското гасно поле.
-Му кажав, „Немој да го правиш тоа.“ И тој нема да го прави тоа. Се е координирано, но понекогаш, тој ќе направи нешто и ако не ми се допаѓа, и затоа повеќе не го правиме тоа.- Доналд Трамп, претседател на САД
-Сакам да ги завршам овие воведни забелешки со уште една лажна вест. А тоа е дека Израел некако ги вовлече САД во конфликт со Иран. Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Заедно во тесна координација со претседателот Трамп, тесна координација меѓу Америка и Израел, нашите војски, нашите разузнавачки служби, ги постигнуваме целите со брзина на молња.- Бенјамин Нетанјаху, претседател на Израел
Пазарот на гас остро реагираше по израелското бомбардирање на најголемото гасно поле во Иран – Јужен Парс, како и возвратното иранско бомбардирање на гасната централа во Катар Лас Рафан, по што европските фјучерси скокнаа за 35%, односно двојно повеќе од нивото пред војната, што креираше конкурентска борба за надоместок на изгубените количини.
Цените на суровата нафта пак, кон крајот на неделава, иако се намалија од 110 на 106 долари за барел кон крајот на неделава, се уште можат да ја завршат со раст, поради прекинот на извозот од Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот…
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот…
Барел нафта во Дубаи на рекордни 166…
Екстремниот скок на цените на нафтата на…
(Видео) НЕТАНЈАХУ ГО СПОРЕДИ ХРИСТОС СО ЏИНГИС…
Изјавата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху…
Почина познатиот актер Чак Норис
Акционата ѕвезда Чак Норис почина на 86-годишна…
Левица: Мицкоски ноншалантно на граѓаните им ги…
Зголемувањето на цената на горивата за нови…