ЕУ реагира: Црна Гора да ја прекине блокадата на институциите

Европската унија денеска ја повика Црна Гора веднаш да ја прекине блокадата на институциите и да ја нормализира ситуацијата во земјата.
„Потсетуваме и инсистираме сите политички чинители да се воздржат од секакви дејствија кои би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза во државата и да го нарушат функционирањето на демократските институции. Тие треба да дадат приоритет на градењето консензус“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
Тој на прес-конференција порача дека ЕУ многу внимателно и со загриженост ја следи внатрешно-политичката ситуација во Црна Гора и посочи дека тоа била и останува главната порака. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…