ЕУ ја повикува Македонија да не чека повеќе за уставни измени
Европскиот амбасадор во Македонија, Михалис Рокас, во интервју за ТВ Канал 5 порача дека патот на земјата кон Европската Унија е прецизно дефиниран со преговарачката рамка усвоена едногласно од сите земји членки во 2022 година.
Според него, Брисел е подготвен за брз почеток на преговорите, но топката е кај Скопје за исполнување на преземените обврски, објави 4news.mk
Амбасадорот Рокас нагласи дека Унијата е подготвена за проширување и дека земјата треба да го искористи моментот.
„Не треба повеќе да се чека, туку да се направи овој важен чекор напред“, изјави тој, потенцирајќи дека ЕУ би поддржала секаква иницијатива за дијалог и соработка меѓу Скопје и Софија.
Како позитивен пример за соработка го посочи Коридор 8, каде со заеднички потпис на двајцата вицепремиери е потврдена изградбата на граничниот железнички тунел – проект од заеднички интерес кој доби поддршка од сите лидери на ЕУ.
Запрашан за ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека уставни измени нема да има без гаранции за македонското малцинство во Бугарија и крај на субјективните опструкции, Рокас одговори со дипломатска прецизност:
„Ја почитувам секоја позиција на премиерот, но позицијата на ЕУ е сосема јасна.“
Рокас потсети дека во ера на светска непредвидивост, ЕУ останува најдоверливиот партнер на државата.
Според евроамбасадорот, сега е моментот за заеднички европски одговор на фундаменталните предизвици како што се безбедноста, конкурентноста и технолошкиот напредок. Тој порача дека местото на Западен Балкан е во Европа, но дека за тоа е потребен напредок во реформите и почитување на меѓународните договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ја повикува Македонија да не чека…
Европскиот амбасадор во Македонија, Михалис Рокас, во…
Катастрофална недела за биткоинот, продолжува вртоглавиот пад…
Вредноста на биткоинот бележи значителен пад, што…
И по седум часа чекање на аеродромите…
Долгите редици и доцнењето на граничните премини…
10-тици тони дрога запленети во Македонија! Мицкоски…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите…
Скандалот со Манделсон и Епстин го турка…
Владата на премиерот Стармер се соочува со…