ЕCM треба да плати 25 милиони евра за струјата што не ја произвел во октомври?

t

Ако се потврди оваа неофицијална информација ЕСМ ќе мора да бара нова „инфузија“ од Владата. Од ноемвриската помош од буџет вредна 65 милиони евра досега ЕСМ потроши околу 58 милиони евра (15 милиони за набавка на струја во ноември и уште 43 милиони за непроизведена, а превземена струја од европската мрежа за периодот од август до октомври која МЕПСО мора да ја плати на ЕНТСО-Е). Зимата само што почна, а ЕСМ има во погон само 40% од својот инсталиран производствен капацитет на двете термоцентрали, пренесува Фактор.

Државната компанија за производство на струја ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) треба да плати 25 милиони евра затоа што во октомври не произвел струја колку што најавил дека ќе произведе. Кусокот струја е надополнет со превземање од регионалната мрежа, а фактурата е испорачана, дознава „Фактор“ од извори во енергетскиот сектор.


Количината електрична енергија што била кусок морал да ја превземе МЕПСО како национален систем-оператор и да ја плати на регионалната електроенергетска мрежа. Згора на трошокот за превземена струја ЕСМ треба да плати и пенал за дебаланс односно казна заради тоа што не ги испорачал најавените количества електрична енергија. Пеналот е утврден како дисцилинска мерка во подзаконските акти кои го регулираат пазарот на струја, ги одобрила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и ги опфаќа сите учесници на пазарот кои не ги испорачале или превзеле претходно најавените количества електрична енергија. „Фактор“ побара одговор од ЕСМ и доколку го добиеме ќе биде објавен.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цели држави во мрак: Казахстан, Киргистан и…

Централноазиските држави Казахстан, Узбекистан и Киргистан се…

Утре без струја дел од центарот на…

Заради закажани технички зафати утре од 9…

ЕСМ го презема управувањето и со топланата…

Владата на денешната петта седница го одобри…

Штетите во енергетиката, народот ги плаќа два…

Поради неспособноста и неодговорноста на кадрите на…

Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за…

„Кризата со снабдување со топлинска енергија е…