Железничка несреќа во Србија: Воз излета од шините кај Суботица
Патничкиот воз „Интер Регио“, кој возел на релација Суботица – Белград, излета од шините по тргнувањето од железничката станица во Бачка Топола, во Србија., пренесе „Н1“.
Според возниот ред, возот тргнал во 9:19 часот, но не стигнал ни до првата станица. Нагло закочил на свртницата пред Ловќенац, на делницата меѓу Ловќенац и Мали Иѓош, и излетал од шините.
„Србијавоз“ на својата веб-страница објави дека во 9:27 часот дошло до привремен прекин на железничкиот сообраќај на станицата Ловќенац – Мали Иѓош.
„Возот што од Суботица за Белград Центар тргна во 9 часот, се откажува на делот од релацијата Ловќенац – Мали Иѓош – Белград Центар. Патниците од наведениот воз на станицата Ловќенац – Мали Иѓош ќе се префрлат во возот што од станицата Суботица тргна во 10 часот и ќе го продолжат патувањето до станицата Белград Центар. Истражната постапка е во тек“, се наведува во соопштението на „Србијавоз“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Железничка несреќа во Србија: Воз излета од…
Патничкиот воз „Интер Регио“, кој возел на…
Орбан го свика Советот за одбрана, откако…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на…
Србија ќе го ограничи извозот на храна…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Вучиќ: Експлозив со голема разорна моќ пронајден…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја објави…
Брнабиќ: Ќе разговараме со Вучиќ да биде…
Претседателката на Собранието на Република Србија, Ана…