Жена од Тетово „умрела“ пред 20 години, а во декември 2025 родила дете!

t

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од СВР Тетово, пренесува Тетово инфо.

Според информациите, на 12 февруари 2026 година во 13:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги, во кое се наведува дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка со иницијали А.С. (27).

При постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции на Управата, било утврдено дека мајката се води како почината од 21 октомври 2006 година, што предизвикало сомнение и било пријавено како можен случај на фалсификување службена исправа.

По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавило во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и едно машко лице. Притоа, не бил приложен ниту еден документ за лична идентификација.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат соопштени дополнителни информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Тетово „умрела“ пред 20 години,…

Тројца вработени во Центарот за социјални работи…

11 возачи управувале возила без возачка дозвола…

На 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше…

62-годишен маж од Тетово починал по компликации…

Минатата недела во периодот од 26 јануари…

Лишени од слобода осум возачи – управувале…

Лишени од слобода осум возачи во Велес,…