Жерновски: Мицкоски најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – САД нема да им даваат визи

t

Поранешниот висок функционер Андреј Жерновски преку социјалните мрежи упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, по веста дека САД ја суспендираат обработката на имигрантски визи за македонските граѓани. Според Жерновски, оваа одлука на Вашингтон е директен демант на наводните „специјални односи“ на власта со администрацијата на Трамп.

„НЕМА ВИЗА НИ ЗА ПЕРИМЕТАРОТ

Браво за Мицкоски!

Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи.

Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.

Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.

Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.

Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.

Ветува надеж, а носи рестрикции.

Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.

Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.

Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.

Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.

Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно:

додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.

А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет“, стои во фб објавата на Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски: Мицкоски најде „стратегија“ како да ги…

Поранешниот висок функционер Андреј Жерновски преку социјалните…

Макрон: Франција има потреба од систем како…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на…

Трамп се заканува дека ќе го употреби…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека…

САД му дадоа уште 45 дена на…

Американското Министерство за финансии преку Канцеларијата за…

Фредериксен: Факт е дека Данска и САД…

Данската премиерка Мете Фредериксен потврди дека Данска…