Жестока казна: Чаир 2030 до крајот на сезоната ќе игра пред – празни трибини!

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе експресна одлука за инцидентот што се случи во недела на мечот помеѓу Чаир 2030 и Работнички, кој беше прекинат по физички напад врз гостински кошаркар, а која предвидува сериозно празнење на казната на чаирчани како и играње пред празни трибини речиси до крајот на сезоната.
Чаирчани се казнети со дури десет меча играње пред празни трибини и тоа три се според Пропозициите за натпреварување, а дополнителните седум според Дисциплинскиот правилник. Со оглед што до крајот на регуларниот дел има уште 13 кола, во кои Чаир 2030 шест пати ќе биде домаќин, па заедно со трите средби на домашен терен во Плејаут лигата значи дека овој тим сезонава воопшто нема да игра пред своите навивачи.
Дебитантот во елитата ќе треба да плати и вкупно 200.000 денари, од кои 48.000 денари се поради прекинот според Пропозициите, а 132.000 денари според Дисциплинскиот правилник, а по 10.000 денари се за Рушити Арбин како еден од иницијаторите на инцидентот како и за фрлање петарди. Со 10.000 денари е казнет и Работнички и тоа поради однесувањето на Ерик Нотиџ, кој исто така е означен како еден од иницијаторите.
Средбата, очекувано, е регистрирана со службена победа на Работнички со 20-0, додека Чаир 2030 нема да го добие бодот наменет за гостинската екипа што значи како да претрпел двоен пораз на оваа средбата.
Целосната одлука на комесарот Милојевиќ може да ја прочитате ТУКА.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен претседател на Општина во Србија поради…
Во продолжение на антикорупциската акција во Србија…
(Фото) Цвеќе и свеќи: Пет месеци од…
На петтиот месец од падот на настрешницата…
Француската опозиција повика на масовни протести во…
Претседателот на француската партија Национално единство (РН),…
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари…
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за…
ОЈО ГОКК потврди: Член на обезбедувањето на…
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење…