Жител на Крушопек фатен со девет мигранти во „Голф“

Ноќеска, на пет минути по полноќ, на магистралниот пат село Удово- Дeмир Капија приведен е возач кој со „голф“ превезувал девет мигранти, од кои пет биле од Сирија, а четворица од Индија.
Од МВР соопштија дека од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат с.Удово- Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. (23) од село Крушопек.
Информираат дека за случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На “Богородица” фатени мигранти од Пакистан, Иран…
На 05.05.2022 во 12:30 часот на Граничен…
Мигранти од Индија и Пакистан фатени во…
На влезот на гевгелиското село Прдејци синоќа…
Шведската премиерка се пожали: Интеграцијата на мигрантите…
Шведска не успеа во интеграцијата на голем…
Траги-комедија: “Напикал” 18 мигранти во “Опел”
Полицијата вчера околу 20 часот во близина…
Авганистански мигранти приведени во Тетово
На 18.04.2022 околу 09:10 часот во СВР…