Објавено на:

Забрането капење на една од омилените плажи на Македонците – во Пефкохори „пливаат фекалии“ од канализација

t

Воведена е привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори, општина Касандара, соседна Грција, поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод.

Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на животната средина на регионалната единица Халкидики, се известени со цел спроведување на земање примероци и лабораториски анализи.

Со одлука на заменик-гувернерот на Халкидики, забраната за капење е воведена во зона од 200 метри од двете страни на местото на истекувањето и ќе остане во сила сè до завршување на испитувањата на квалитетот на водата и проценката на резултатите.

Општина Касандра наведе дека се преземени сите неопходни мерки и оти ситуацијата континуирано се следи во соработка со надлежните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрането капење на една од омилените плажи…

Воведена е привремена забрана за капење на…

Неверојатна традиција на мундијалите: Сите шампиони делат…

Светското првенство во фудбал само што почна,…

Американски претставник: Иран се обврзува трајно да…

Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател,…

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени…

Македонија Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на…

Марко Рубио им упати честитки на Русите…

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, му го…