Загина 56 годишен кавадарчанец – со камионот падна во бездна при истовар на земја
МВР информира дека вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.
Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата и по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина 56 годишен кавадарчанец – со камионот…
МВР информира дека вчера во СВР Велес…
Уапсен тетовец кој беше снимен како фрла…
Вчера во 18:00 часот на улица „Љубо…
Крадец одзел пари и предмети од црква…
На 30.06.2026 во СВР Охрид е пријавено…
Работник почина по повреда на работно место…
На 29.06.2026 во 12:05 часот, по претходна…
Професорка побарала 300 евра од студент од…
На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип,…