Објавено на:

„Загрозен е целиот регион“: Макрон го повика Нетанјаху да не започнува копнена офанзива во Либан

t

Макрон разговараше и со либанскиот претседател Жозеф Ауна и премиерот Наваф Салам и ја нагласи „потребата Хезболах веднаш да ги запре нападите врз Израел и пошироко“.

Во телефонски разговор денес, францускиот претседател Емануел Макрон го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не наредува копнена офанзива против Хезболах во Либан.

Важно е страните да се вратат на договорот за прекин на огнот – рече Макрон во објава на мрежата Икс.

Макрон разговараше и со либанскиот претседател Жозеф Ауна и премиерот Наваф Салам и ја нагласи „потребата Хезболах веднаш да ги запре нападите врз Израел и пошироко“.

Тој нагласи дека „оваа стратегија на ескалација претставува голема грешка што го загрозува целиот регион“.

„Франција ќе продолжи, со своите партнери, да ги поддржува напорите на либанските вооружени сили, за да можат целосно да ги преземат своите мисии за суверенитет и да ја прекинат заканата што ја претставува Хезболах“, напиша Макрон на мрежата Икс, пренесуваат медиумите во регионот.

Израелските одбранбени сили вчера објавија дека распоредиле трупи подлабоко во јужен Либан, надвор од петте позиции што ги држи Израел, како дел од зајакнатата одбранбена позиција.

Либан беше вовлечен во пошироката војна на Блискиот Исток пред два дена, кога либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, испука ракети и беспилотни летала кон северен Израел, предизвикувајќи израелски воздушни напади во кои загинаа повеќе од 70 лица, беа повредени повеќе од 400 и беа раселени десетици илјади луѓе од јужен Либан, источната долина Бека и јужните предградија на Бејрут, анализираат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Загрозен е целиот регион“: Макрон го повика…

Макрон разговараше и со либанскиот претседател Жозеф…

Путин: Русија би можела да престане да…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…

Aвион со евакуирани патници од Дубаи попладнево…

Авион со 138 патници од Дубаи слета…

Вуле Младеновиќ поднесе оставка од функцијата в.д.…

Вуле Младеновиќ повеќе не е вршител на…

Шпанија ја демантира Белата куќа: Нашиот став…

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел…