Заев ги тужи Бране Петрушевски и Жан Митрев, бара оштета од милион денари

t

Поранешниот премиер Зоран Заев објави дека поднел тужби против пратеникот Бране Петрушевски и докторот Жан Митрев за клевета и нарушување на честа и угледот. Вели дека „не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“.

„Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, стои во објавата на Заев.

ужбата против Петрушевски се однесува поради неговата изјава на прес-конференцијата на 7-ми февруари месецов.

„Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев. Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога“, посочи тогаш пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот“, додал тој.

Втората тужба е против лекарот Жан Митрев кој кон средината на јануари, во телевизиско гостување тврдеше дека Заев и сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче од позиција на премиер и министер сакале да купат удел во неговата болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица…

Управниот Суд, на седницата одржана на 6…

Судот одби дел од тужбата на Левица…

Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври…

Трамп го тужи американското Министерство за правда!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го…

Тужба против Фејсбук и Инстаграм поради „овозможување“…

Платформите на Марк Цукерберг се „почва за…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…