Објавено на:

Започна реновирањето на родната куќа на Хитлер

t

Синоќа почна да се работи на реновирање на куќата во Австрија во која е роден Адолф Хитлер во 1889 година. Куќата ќе биде претворена во полициска станица, за да ја направи зградата помалку атрактивна како место за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор.

Одлуката за иднината на зградата во Браунау ам Ин, град на австриската граница со Германија, беше донесена на крајот на 2019. Синоќа работниците поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да влезе во просторот на почетокот на 2026 година.

На проектот за санација му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Прашањето беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски суд пресуди дека владата има право да ја експроприра зградата откако сопственикот одбил да ја продаде. Одбиен е предлогот за уривање на зградата, пишува Associated Press.

Куќата е дадена под закуп од австриското МВР од 1972 година за да се спречи злоупотреба, а се издава на различни добротворни организации. Просторот остана празен откако центарот за згрижување на возрасни со попреченост се исели во 2011 година.

„За демократија и слобода. Никогаш повеќе фашизам. Нѐ потсетуваат милиони мртви“, стои во пораката на спомен плочата што ќе остане на место надвор од куќата. Австриската влада тврди дека претворањето во полиција, како чувари на граѓанските слободи, е најдобриот начин за користење на објектот. Сепак, се огласија и критичарите на таквиот план.

Историчарот Флориан Котанко се пожали дека „постои целосен недостаток на историска контекстуализација“. Тој тврди дека намерата на МВР да го отстрани „факторот на препознатливост“ на куќата со нејзино преуредување е „невозможно да се постигне“.

„Демистификацијата треба да биде клучен дел“, додаде тој, залагајќи се за предлог да се смести изложба во зградата за луѓето кои ги спасиле Евреите под нацистичка власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…

Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…

Негативна е оценката за владата на Христијан…

Виничанец измамен за 5.700 евра!

Му уплатиле пари за автомобил, па прекинал…

Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони…

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во…

Сосед се заканувал со пушка во Виница

На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од…