Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта на Ивана и Катја

t

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со почеток во 10 часот почнува судскиот процес против Стојанче Јовановски обвинет дека ја навел на самоубиство својата сопруга Ивана која со него била во бракоразводна парница, а чиј живот оконча со пад од балкон во скопската населба Тафталиџе на 2 март годинава, а животот при падот го загуби и нејзината шестгодишна ќерка Катја. Процесот ќе го суди судијата Ивица Стефановски.

Обвинителството го товари Јовановски дека ја навел Ивана на самоубиство, дека ѝ нанел телесни повреди при вршење семејно насилство и дека ѝ ја загрозил сигурноста.

Јовановски, како што соопшти Обвинителството на 2 март, денот на самоубиството, на повеќе локации во Скопје телесно ја повредил Ивана – ја удирал со шлаканици и со тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест. Истиот ден, на паркингот зад Основниот кривичен суд Скопје, тој упатил и сериозни закани кон оштетената дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, со што предизвикал кај неа чувство на несигурност, загрозување и страв.

Стојанче Јовановски подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон Ивана, која кон него се наоѓала во положба на фактичка и егзистенцијална зависност и подреденост, па поради таквото постапување таа на 2 март извршила самоубиство кое може да се припише на небрежност на обвинетиот.

Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, безнадежност и чувство на безизлезност, и таа без разумно да управува и да ги контролира своите постапки, извршила самоубиство, скокајќи од терасата на станот од шестиот кат заедно со нивното малолетно дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…

АНГЕЛОВ СО СОВЕТ:ЗЕМЕТЕ ТРАКТОРИ И ИЗОРАЈТЕ ОКОЛУ…

Денеска до 13:30 часот регистрирани се 16…

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…

Во националниот парк Маврово, но и на…

Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…