Објавено на:

Засилени мерки за безбедност во трговските центри и другите фреквентни места во Србија

t

Министерството за внатрешни работи им порача на граѓаните на Србија да се грижат за својата безбедност и дека се преземени засилени безбедносни мерки во трговските центри и другите фреквентни места во Србија.


„Загрижени сме за вашата безбедност. Министерството за внатрешни работи презема засилени безбедносни мерки во сите трговски центри и други фреквентни места низ Србија“, соопшти МВР на социјалните мрежи.
Како што претходно беше најавено, Министерството за внатрешни работи презема мерки за зголемување на безбедноста со цел да се обезбеди заштита и безбедност на граѓаните и да им се даде чувство на сигурност.


Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ синоќа во Белград ги посети припадниците на полицијата стационирани пред ТЦ Галерија.
Гашиќ претходно ги посети припадниците на полицијата кои на стадионот „Рајко Митиќ“ го обезбедуваа пријателскиот натпревар во Белград меѓу „Црвена звезда“ и руски „Зенит“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…