Застаре дел од случајот „Талир 1“, за нелагалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, судењето ќе почне од почеток по 6-ти пат
Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, веќе шест години се влече низ судските лавиринти, а следната недела ќе почне од почеток по дури 6-ти пат.
Денешното рочиште се одложи, а во меѓувреме застаре кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за кое се гонеа екс премиерот Никола Груевски и Кирил Божиновски, а остана само кривичното дело за перење пари.
-Денешнтот одлагање значи дека судењето наредниот пат ќе треба да почне по 6-ти пат, и би рекла дека во овој случај стратегијата на обвиентите, меѓу другото е фокусирана на одложување на оваа постапка, бидејќи само преку застареност можат да се спасат од одговорност, бидејќи се работи за предмет за кој и самите се свесни дека обвинителството поседува цврсти докази. Настапена е застареност на предикатното кривично дело, односно на злоупотребата на службената положба и овластување, поради истек на законските рокови, а порад измените на Кривичниот законик во 2023 година. Меѓутоа и покрај застарениот предикат, согласно Закон и постоечката судска пракса, не постојат пречки да се гони перењето пари во овој случај, за кое застареноста настапува во 2035 година, рече обвинителката Ленче Ристоска.
Во случајот се обвинети екс-премиерот Груевски, како и Илија Димовски, Кирил Божиновски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески. Предметот започна во февруари 2019 година, а поради сложеноста и бројот на сведоци, судскиот процес постојано се одолговлекува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Застаре дел од случајот „Талир 1“, за…
Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на…
Наместо вода, погрешка баба му дала на…
Наместо вода, погрешка баба му дала на…
Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц
Германската полиција спречи напад на еколошки активисти…
Мнозинството во кумановскиот совет на чело со…
Советот на Општина Куманово не ја стави…
(Видео) Мицкоски се пофали со уште еден…
Денот го започнавме со билатерална средба со…