ЗАЈАЧКАТА РИБА стана кошмар за Грците
Грција ветува парични и материјални награди за ловците, професионалци или аматери, кои ќе помогнат во ловењето на отровната „зајачка риба“. Појавата на оваа риба летово ги крена алармите кај јужниот сосед.
Лагоцефалусот им прави големи штети на рибарите поради своите големи заби, налик на зајачки, со кои ги кине и најсилните најлонски мрежи и рибарска опрема за да дојде до пленот.
Надлежните власти и рибарските здруженија упатија јавен повик до професионалците и до аматерите да се приклучат на акцијата, која е замислена како големо наптреварување.
Овој инвазивен вид пристигнал од Црвеното Море преку Суецкиот канал и во изминатите години се проширил низ Егејското и низ Јонското Море.
Освен што ги уништува мрежите, рибата голта домашни видови риби и ракови, со што дополнително го нарушува морскиот екосистем.
Експертите предупредуваат дека Лагоцефалусот содржи тетродотоксин, опасен отров кој може да биде фатален за луѓето.
Токсинот од рибата не се уништува ниту при термичка обработка на месото.
„Оваа риба буквално го проголтува нашиот екосистем и ја менува биолошката рамнотежа на морето. Ако не ја спречиме, последиците за туризмот и за риболовот ќе бидат катастрофални“, предупредуваат морските биолози.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗАЈАЧКАТА РИБА стана кошмар за Грците
Грција ветува парични и материјални награди за…
Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена…
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во…
„Менуваме“ ќе протестира за повеќе лични асистенти…
Намалувањето на часовите за лична асистенција, нередовните…
(Видео) Британскиот премиер поднесе оставка, на крајот…
Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој…
„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на…
Разговорите во Швајцарија постигнаа „охрабрувачки напредок“, рекоа…