За викендов се најавени гужви накај Халкидики — ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата
Грчките власти најавија дека претстојниот викенд продолжуваат работите на големиот проект „Флај овер“ на внатрешната обиколница околу Солун, поради што се можни привремени ограничувања на сообраќајот и подолги задржувања на одредени делници, јавува „Катимерини“.
Возачите кои патуваат кон Халкидики, аеродромот „Македонија“ или источните делови на Солун се советуваат навреме да се информираат за состојбата на патиштата и да предвидат дополнително време за патување, особено во периодите на викенд-гужвите.
Според актуелните информации, еве кога ќе бидат затворени делови од обиколницата:
Вечерва, на 10 јуни, од 23:00 до 05:00 часот наутро, ќе биде затворен делот во насока кон Халкидики.
Од петок, 12 јуни, во 23:00 часот до недела, 14 јуни, во 23:00 часот, истиот дел од обиколницата ќе биде целосно затворен во двете насоки во текот на два дена, па се очекуваат поголеми метежи и забавен сообраќај низ Солун. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ Солун, а возачите треба да ја следат привремената сообраќајна сигнализација поставена на терен, поради што нема причина за загриженост.
Проектот предвидува изградба на нова надземна брза сообраќајница над постојната источна обиколница на градот, со цел да се намали метежот и да се подобри протокот на возила низ вториот по големина грчки град.
Според последните информации од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, градежните работи се одвиваат со засилено темпо, а проектот е приближно до половината. Надлежните очекуваат новата сообраќајница да биде пуштена во употреба идната година.
Кога ќе биде завршен, „Флај оверот“ треба значително да го зголеми капацитетот на обиколницата и да го намали времето на патување низ Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За викендов се најавени гужви накај Халкидики…
Грчките власти најавија дека претстојниот викенд продолжуваат…
Голем пожар беснее над Штип, огнот се…
Голем пожар попладнево избувна над Штип, при…
Пезешкијан: Заканите на Трамп се знак на…
„Доколку САД ја нападнат иранската инфраструктура, вклучувајќи…
Обвинителството бара речиси 18 години затвор за…
Вишиот суд во Белград за 18 јуни…
Димитриеска Кочоска: Јавниот долг е под контрола
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели…